Erkan Avci
29 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
БАЛТИМОР (АА) - Во рамките на 41-та годишна конвенција, Исламскиот круг на Северна Америка - Муслиманска заедница во Америка (ICNA-MAS) во градот Балтимор, во сојузната американска држава Мeрилeнд, синоќа е презентиран Глобалниот сервис вести на Anadolu Agency, (Anadolu World Report News Package).
Со цел презентирање на сервисот со вести кој се базира на извештаи од исламскиот свет, АА отвори штанд во комплексот кој го посетуваат претставници на водечките муслимански невладини огранизации во Америка, но и илјадници муслимани од сите делови на САД.
За време на презентацијата на новиот пакет на вести на АА, на присутните им се обрати заменикот генерален директор и главен уредник на АА, Метин Мутаноглу, кој истакна дека станува збор за сервис кој корисниците ќе го нудат на исламскиот свет од областа на економијата, политиката, културата и општеството. Вестите ќе бидат сервисирани на англиски, арапски и турски јазик.
Нагласувајќи дека презентираниот сервис на вести ќе ги пополни недостатоците на медиумскиот полигон во муслиманскиот свет, Мутаноглу рече дека сервисот се активира во период кога АА ги препознава недостатоците на силните новински агенции во тој дел од светот.
„Се надеваме дека овој нов проект ќе биде еден вид на медиумски мост меѓу муслиманите”, изјави Мутаноглу.
„Со помош на нашата младина и ентузијазам, проектот постојано ќе расте”, додаде тој
Шефот на ICNA, Наим Баиг, истакна дека недостатокот на „гласот на муслиманите” во медиумскиот простор е најголемиот предизвик во моментов со којшто се соочува муслиманската заедница во Америка.
Тој рече дека новиот проект на Anadolu Agency ќе биде од корист за американските муслимани, но исто така и за пошироката заедница во светот.
„Ова е гласот што ни треба за балансирање на вестите во медиумите и добивање на вистинито и навремено информирање. Ова е навистина нешто што ние се чека и да гледа напред кон она што”, рече Баиг.
Тој рече дека новиот пакет вести на АА е продукт на еден „одговорен медиум”, што укажува на проблемите и неправдите во различни заедници и се справува со предизвиците, како што е исламофобијата, која се соочува исламскиот свет.
Штандот на АА во Балтимор, го посети и генералниот секретар на Советот на муслимански организации во САД, Осама Џамал, кој истакна дека новиот пакет вести на АА е исклучителна можност за американските муслимани да го искажат своето мислење.
„Медиумите денес се очи, уста, уши и глас кои ни носат вести и приказни од целиот свет. Се радуваме што сте тука и што ќе соработуваме”, изјави Џамал.
Новиот пакет вести на АА го презентираше директорот на секторот на АА за маркетинг и развој на бизнисот, Недим Каја.
Со посредство на новиот Глобален пакет вести на АА, претплатниците на агенцијата ќе можат лесно да ги следат сите важни случувања во исламскиот свет, ќе имаат можност во живо да ги гледаат извештаите, да ја следат агендата и ексклузивните интервјуа кои новинарите на регионалните и глобални мрежи на АА ги реализираат со лидерите од исламскиот свет. Исто така ќе им бидат достапни аналитички извештаи, постојано ажурирање на вести како и богати пакети со фотографии и видео снимки во прилог.
Новиот пакет вести на АА е првиот медиумски пакет кој е специјализиран за известување за случувањата во исламскиот свет.