Ekip
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Мобилните апликации Anadolu Agency (AA) се активни на платформите Андроид и iOS, обогатени со опцијата на арапски јазик, јавува Anadolu Agency (AA)
Корисниците на смарт телефони и таблети кои ги подржуваат оперативните платформи Андроид и iOS, случувањата и активностите во светот можат да ги следат со подсредство на мобилните апликации на АА кои до сега имаа опции на турски и англиски јазик, а од денес е активирана и опцијата на сите содржини на арапски јазик.
Мобилните апликации АА кои нудат содржини на три јазици, сите корисници на мобилните уреди можат да ги преземат од Google Play или Apple Store, зависно од тоа дали нивниот уред го користи оперативниот систем на Андроид или iOS.
Техничките екипи на Anadolu Agency напредуваат, па наскоро може да се очекуваат и мобилни апликации АА и на уредите со оперативен систем Windows Phone.
Стручните тимови на Дирекцијата Ar-Ge продолжуваат да работат на унапредувањето на повеќејазични споменати мобилни апликации, па наскоро покрај турскиот, англискиот и арапскиот јазик ќе бидат додадени и други јазици.