Kristina Maslareviç
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
БЕЛГРАД (АА) - „Државата и општеството на Балканот пред и по Османлиското царство” е насловот на меѓународниот научен симпозиум кој во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре” и Историскиот институт во Белград, се одржува денес и утре во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Според директорот на институтот „Јунус Емре” во Белград, Селим Асланташ, за овие два дена, историчарите од Србија,Турција, Македонија, Бугарија, Романија, БиХ, Хрватска, Холандија и Германија, ќе зборуваат за главните теми поврзани со балканската историја од 14-ти до 17-ти век.
„Посебен акцент овие два дена ќе биде ставен на општеството и државата. Секако, ова е голема тема и не е можно да се покријат сите настани од овој период, но верувам дека ќе поминеме низ генералните теми и ќе ја покажеме главната динамика на овој период”, изјави Асланташ.
Вишиот научен соработник на Историскиот институт во Бегград, Срџан Рудиќ, наведе дека периодот за кој ќе се разговара на симпозиумот ќе донесе значајни промени на луѓето на Балканот.
„До крајот на 15-ти век, обединетите држави на балканските христијани ги замени само една власт, Османлиското царство. Многу промени се случија во етничките, религиозните и културни сфери. И покрај сите книги кои се напишани во овој период и понатаму постојат многу прашања на кои им се потребни научни одговори. Овој симпозиум нуди можност на еден друг начин да се согледаат некои од главните теми”, изјави Рудиќ.
На отворањето на симпозиумот присуствуваше и амбасадорот на Турција во Србија, Мехмет Кемал Божај, кој во таа пригода рече дека ова е прв чекор во соработката со историчарите од Турција и Србија, како и да„го населуваме турбулентното подрачје, на кое се населени многу различни нации, цивилизации и култури”.
„Има многу одрази, кои ако не ги гледаме низ вистинска призма и на вистински начин, можеме лесно да бидеме измамени. За жал, толкувањето и читањето на историјата на Балканот е полно со илузии, но овие илузии сè уште се користат на крајот од дваесетиот век и понекогаш гледаме дека поединечни академици сè уште донесуваат свои заклучоци врз основа на овие илузии. Само вистинските историчари, со чисто знаење, со објективен пристап, имаат шанса да ги исчистат овие илузии во историјата на нашиот прекрасен регион”, наведе Божај.