Kristina Maslareviç
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
БЕЛГРАД (AA) - Членови на Владата на Србија му одадоа почит на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ, по повод 13 годишнина од неговото убиство, јавува Anadolu Agency.
Кај спомен плочата поставена во дворот на Владата, на местото каде е извршен атентатот, венецот во име на актуелните министри го положи премиерот на Србија Александар Вучиќ.
Првиот демократски избран премиер на Србија и лидерот на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ убиен е пред 13 години на влезот во зградата на Владата на Србија околу 12.30 часот, после што е воведена вонредна состојба во земјата, која траеше до 22 април, во полициска акција "Сабја" во која се уапсени 11.665 лица, меѓу кои имаше и партиски функционери, високи воени официри, носители на правосудните функции и естрадни уметници.
Како извршители веднаш се осомничени припадниците на земунскиот криминален клан, што потврдува и фактот дека беше планирано тој ден да се потпише налог за апсење на еден број на припадници на таа криминална група.
Како главен во организирање на убиството на премиерот Џинѓиќ, осомничени беа некогашниот командант на распуштената единица за специјални операции (ЈСО) Милорад Улемек Легија и припадниците на земунскиот клан Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ, кои се убиени на 27 март во обид на полицијата да ги уапси.
Милорад Улемек Легија беше во бегство 14 месеци, но се предаде на 2 мај 2004 година и осуден е на 40 години затвор, а толку доби и непосредниот извршител на атентатот Звездан Јовановиќ кој е уапсен за време на акцијата "Сабја". Врховниот суд ги потврди овие пресуди во декември 2008 година.
Во август 2003 година покренато е обвинение против 44 лица за учество во организирање на убиство. Судењето им започна на 22 декември 2003 година во Окружниот суд во Белград, а на 23 мај 2007 година прогласени се за виновни и осудени се на вкупно 378 години затвор.
Во образложението на пресудата помеѓу останатот е наведено дека убиството на Зоран Ѓинѓиќ е политичко убиство, насочено против државата, но политичката позадина на убиството до денес не е расветлена.
Зоран Ѓинѓиќ беше еден од лидерите на Демократската опозиција на Србија (ДОС) и револуцијата "5.октомври", со која од власт е симнат Слободан Милошевиќ. Иако ДОС претходно го порази Милошевиќ на сојузни и републички избори, за потврдување на победата мораше да се излезе на улици на 5 октомври 2000 година.
Во јануари 1997 година избран е за градоначелник на Белград од коалицијата "Заедно" , како први нокомунистички градоначелник на престолнината на Србија од 1945 година.
Ѓинѓиќ е роден на 1 август 1952 година во Босански Шамац. Студираше на филозофскиот факултет во Белград, а основните студии ги заврши многу бргу за три и пол години. Докторираше 1979 година на Универзитетот во Констанц, во Германија, на тема "Проблемите на втемелена критичка теорија на општеството", додека ментор му беше еден од најистакнатите филозофи од втората половина на 20 век, Јирген Хабермас. Зад себе остави сопруга, ќерка и син.