култура и уметност

Почина познатата актерка Неда Арнериќ

За улогата Делфина, во филмот „Исправи се, Делфина", на режисерот Александар Ѓурчинов, во 1977 година, Арнериќ ја доби „Сребрената арена" на Филмскиот фестивал во Пула во Хрватска

Bedrudın Brljavac  | 11.01.2020 - Обновена : 13.01.2020
Почина познатата актерка Неда Арнериќ

САРАЕВО (AA) - Познатата српска актерка Неда Арнериќ почина во Белград во 67. година од животот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сними повеќе од 100 филмови, а одигра над четириесет улоги во театар. За својата работа доби бројни признанија и награди.

Неда Арнериќ беше запазена по бројни улоги. Нејзиниот филм, „Сон" од 1966 година, направи од Неда прва детска филмска ѕвезда на Југославија. Посебно се прослави во култниот филм „Кој тоа таму пее", каде ја играше улогата на невеста.

Во кариерата долга половина век, Неда оствари значајни улоги во филмовите „Вишна на Ташмајдан", „Ужичка република", „Сутјеска", „Валтер го брани Сараево", „Лажливо лето '68" и други.

Играше и во многубројни италијански филмови. По големата популарност во шеесетите и седумдесеттите години од минатиот век, актерката и во деведесеттите години доживеа голема популарност, благодарејќи на блокбастерот „Три карти за Холивуд" и телевизиската серија „Полицаец од Петловиот рид".

За улогата Делфина, во филмот „Исправи се, Делфина", на режисерот Александар Ѓурчинов, во 1977 година, Арнериќ ја доби „Сребрената арена" на Филмскиот фестивал во Пула во Хрватска, како и наградата „Царица Теодора" на Фестифалот на актерските остварувања во Ниш, во Србија.

Во 1980 година, Арнериќ дипломираше историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Од 1985 до 1999 година ја водеше сопствената галерија „Атријум" во Белград.

За своите остварувања на филмот, во 2009 година ја доби „Плакетата на Југословенската кинотека", а во 2010 година ѝ е доделена Нагадата „Павле Вујисиќ", која на актерот му се доделува за животно дело.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın