Esra Kireçci
23 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
АНКАРА (AA) – Фотографијата на ранетото сириско дете која најдобро го осликува ужасот и хоророт на страдањата низ кој минува Сирија минатите години години од војната избрана е за Фотографија на годината на вториот меѓународен натпревар Istanbul Photo Awards, а станува збор за фотографијата на сирискиот фоторепортер Абд Доумани, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за меѓународен натпревар кој втора година по ред го организира Anadolu Agency, чии што спонзор оваа година беше компанијата Turskish Airlines. Во категориите вести и спорт анализирани се поединечни фотографии и галерии на фотографиите и во сите категории се избрани по три најдобри. Од целиот свет пријавени се околу 13.000 фотографии.
Меѓународниот стручен жири минатиот викенд избра најдобри фотографии, а награди во вкупно пет категории доби 11 фоторепортери од девет земји.
Во категоријата Фотографија на годината победи фотографијата „Повикот на сириските деца за помош", која ја сними фоторепортерот на АFP Абд Доумани.
За најдобра фотографија во категоријата вести избрана е фотографијата „бегалци“ на фоторепортерот на весникот „New York Times“ Сергеј Пономарев. За најдобра галерија на фотографии избрана е галеријата „Животи под ризик на патот кон Европа“ која за Getty Images ја сими фоторепортерот Санти Паласиос.
Во категоријата спорт за најдобра фотографија избрана е фотографијата „Формата на срцето“ која ја сними фоторепортерот Иан Мек Никол, додека за најдобра галерија во таа конкуренција избрана е галеријата „Стилот на воинот“ која ја сними Валери Шарифулин. Почесна награда доби фоторепортерот Манзајар Оо.
Вкупниот награден фонд на Istanbul Photo Awards изнесува 58.000 dolara. Најдобрите во сите категории ќе добијат по 8.000 долари, второпласираните по 3.000 долари, а третопласираните по 1.500 долари. И победникот во изборот за најдобра фотографија ќе добие парична награда од 8.000 долари.
Во состанот на минатогодишното жири, помеѓу останатите беа, директорот на Фото центарот Шангај и добитник на Пулицер Лиу Хеунг Шинг, челникот на Getty Imagesa Џорџ Де Керле, директорот за дистрибуција на фотографиите на AFP Мишел Ското, добитникот на престижната награда на World Press Photo Жилиам Хербаут, главен и одоговорен уредник на визуелните вести на АА Ахмет Сел и уредник на фотографиите на АА Фират Јурдакул, а во составот на жирито оваа година се додадени истакнати имиња во светот на фотографијата.
Во жирито се и фоторепортерот Лорент Ван дер Сток кој известуваше речиси од сите боишта минатите две и пол деценнии, потоа уредникот на весникот „Newsweek“J Џејмс Велфорд, директорот на фотографијата на весникот „Le Monde“ Николас Хименес и добиник на Пулицер и добитник на минатогодишната награда Најдобрата фотографија на Istanbul Photo Awards Даниел Берехулак.
Претседателот на стручното жири и добитникот на Пулицер Лиу Хеунг Шинг изрази задоволство со тоа што за Фотографија на годината е избрана фотографијата на ранетото сириско дете кое на светот му упатува прашање "зошто" сите тие злосторства се случуваат во Сирија.
„Жирито имаше тешка задача бидејќи сите пријавени фотографии беа исклучително квалитетни. Во изборот се водевме да избраната фотографија има квалитетен кадар, но и силна порака и опомена која ќе му остане на човештвото. Се надевам дека ваквите фотографии ќе бидат врежани во сеќавањето на луѓето во светот за во иднина помалку да се случуваат ваквите трагедии", рече Лиу.
Членот на жирито Де Керле истакна дека овааа година се покажа дека Istanbul Photo Awards е натпревар преку кој фоторепортерите можат најдобро да му ги покажаш на човештвото случувањата во региониоте во кои делуваат.
За избраната фотографија на годината Де Керле рече дека станува збор за исклучително едноставна и оригинална фотографија која на автентичен начин ја праќа пораката да запрат страдањата на сириските деца.
И Даниел Берехулак рече дека Фотографијата на годината е избрана едногласно бидејќи сите членови од жирито беа трогнати од емоцијата која таа фотографија ја предизвикува. Додаде дека станува збор за фотографија која е снимена непосредно по бомбардирањата на импровизираната болница.
Имињата на добитниците се објавени на службената веб страница на натпреварувањето http://istanbulphotoawards.com/, како и на интернет страниците на АА на меѓународната платформа на фотографии „Anadolu Images“.