Selçuk Acar
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Годинешното 89. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија ќе се одржи в недела, 26. февруари, во театарот Долби во Лос Анџелес, а домаќин на Оскарите ќе биде комичарот Џими Кимел, јавува Anadolu Agency (AA).
Она што особено ги одбележа претходните две години, кога станува збор за доделувањето на Оскарите, е фактот што помеѓу номинираните немаше црномурести актери, поради што некои холивудски ѕвезди ги бојкотираа Оскарите. Случајно или не, оваа година дојде до вистински пресврт, така што за првпат во историјата на доделувањето ќе се борат црномурести актери.
Така, и меѓу 683 членови на жирито од Американската филмска академија, 46 отсто се жени и 41 отсто се црномурести Американци.
Кога станува збор за трката за престижната награда Оскар, меѓу црномурестите актери кои оваа година ќе борат за златната статуа е Дензел Вашингтон, во категоријата најдобар актер, потоа Махершала Али, во категоријата за најдобра споредна машка улога, Рут Нега и Октавија Спенсер во категоријата за најдобра актерка, и Виола Дејвис и Наоми Харис во категоријата за најдобра споредна женска актерка.
Инаку, најмногу номинации на овогодинешното доделување на Оскарите доби мјузиклот „Ла ла ленд“ на американскиот режисер Демиен Шазел, кој освои седум награди на церемонијата Златен глобус.
„Ла ла ленд“ освои дури 14 номинации, со што се израмни со рекордот на филмовите „Се за Ева“ и „Титаник“. Мерил Стрип стана првата актерка што достигна дваесет номинации. „Ла ла ленд“ е трет мјузикл што има влезено во категоријата за најдобар филм, по „Сидрата горе“ (Anchors Aweigh) во 1945 и „Сиот тој џез“ во 1979 година.