Besar Ademi
26 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
СТРУМИЦА (АА) - Околу две илјади илјади учесници, меѓу кои имаше повеќе од 39 маскирани групи настапија на Меѓународниот карневал на маски во Струмица. Покрај учесници од Македонија, на парадата на маски низ булеварот продефилираа и гости со маски од Албанија, Русија, Бугарија, Црна Гора, Србија и островот Аруба од Јужна Америка, јавува Anadolu Agency (AA).
Карневалски паради предводена од парот Александар и Соња Ташеви, кои на маскенбалот минатата ноќ беа избрани за принц и принцеза. Утре ќе биде детски карневал, задутре ќе бидат избрани најдобрите маски на карневалот и ќе бидат доделени награди за поединци и групи.
Еднонеделниот карневал се одржува пред почетокот на велигденскиот пост и им се посветува на верените девојки. Првите пишани извори на Струмичкиот карневал потекнуваат од 1670 година од страна на турскиот патеписец Евлија Челебија. Најчестите мотиви на маски се паровите кои го симболизираат невестата и младоженецот, свештеникот кој ги благословува младите за среќа и хармонија во бракот и ѓаволот, што претставува отстранување на злите сили.
Овој карневал е традиционален обичај за кој се вели дека корените ги влече од еден пагански култ и во суштина го означува прославувањето на плодноста и прочистувањето. Карневалот во модерно време од обичај премина во манифестација која во 1994 година доби меѓународен карактер.
Програмата на Струмичкиот карневал започна на 22 февруари со настан за деца, и ќе заврши на први март, при што секој ден организираат разни активности и концерти.
Сепак, главниот настан е обележан со парада на маски, каде присуствуваа групи од регионот и пошироко.