Barış Seçkin
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
ВЕНЕЦИЈА (АА) - Во Венеција синоќа со свечена програма започна традиционалниот Венецијански карневал кој е познат по маските и шарените и несекојдневни костими, јавува Anadolu Agency (AA).
На улиците на Венеција организирана е Парада на зомбите, а потоа гламурозен фестивал на вода во Венецијанскиот канал.
Модниот дизајнер Марко Макапани оваа година е задолжен за режија на уметничкиот дел на Карневалот, а сите 117 програми во рамките на Карневалот се проткаени со традиционален дух.
Карневалот ќе трае до 9-ти февруари, кога ќе се одржи и изборот за најдобри маски и костими.
Туристите и оваа година ќе можат да ги изнајмат традиционалните маски и костими за и самите да бидат дел од карневалското руво.
Еден од најпопуларните европски карневали, карактеристичен е по тоа што цел град и сите посетители на Карневалот стануваат активни учесници на перформансот.
Облечени во традиционални костими и носејќи маски на лицата, луѓето во карневалските денови се поздравуваат со "Добро утро, г-ѓа Маска", а суштината е во карневалската илизија тие денови да се изгубат одредени полови, класни и останати идентитети.