Barış Seçkin
27 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
ВЕНЕЦИЈА (АА) - Во текот на викендот, во рамките на традиционалниот карневал во Венеција се одржа натпревар за најдобар костим и маска, кој како и секоја година, привлече голем број натпреварувачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Карневалот кој е еден од најпопуларните во Европа, оваа година започна на 11. февруари, а ќе заврши во вторник, на 28. февруари.
Натпреварот се одржа на плоштадот „Свети Марко“, а во Венеција дојдоа учесници од целиот свет.
Голем број домашни и странски туристи имаа можност да уживаат во шарените костими и маски.
Во рамките на Венецијанскиот карневал се одржуваат повеќе од 60 манифестации, меѓу и раскошни балови, коктели и други забави.
Туристите за време на карневалот имаа можност маскирани да прошетаат низ градот и да се фотографираат.
Првиот пишан документ за Карневалот под маски во Венеција датира од 13. век.