Ersin Şiyhan
30 Април 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
ВЕНЕЦИЈА (АА) - Градот на љубовта и на карневалите, Венеција, е составен од 118 мали островчиња одделени со канали, и претставува една од најатрактивните туристички дестинации во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Природните убавини, архитектурата, каналите, мостовите и културно-историското наследство на Венеција ја прави една од најпосетените туристички места во светот каде што е роден и познатиот уметник Антонио Вивалди.
Бреговите со вкупно 170 венецијански канали се поврзани со 400 поголеми и помали мостови, а центарот на градот го краси плоштадот Св. Марко, на којшто се наоѓа и истоимената базилика и Дуждовата палата.
Секој агол на Венеција говори за историјата, особено за време на карневалите и маскенбалите, кои магично го оживуваат времето на принцезите, витезите и љубовните заплети.
Венеција е еден од најубавите градови во светот и се наоѓа на листата на културно наследство на УНЕСКО.
Некои од најатрактивните венецијански туристички места се и каналот Гранде, мостот Понте Риалто и базиликата на Св. Марија, а еден од условите за потполно доживување на убавината на градот којшто тоне е возење со гондола низ каналите.