Zehra Ulucak
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
РИМ (АА) - Украден е накит на кралското семејство Ал Тани кој беше изложен во палата во италијанскиот град Венеција, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во Венеција, Вито Гаглиарди, потврди дека од палатата Дуклер се украдени брош и обетки од колекцијата на кралското семејство.
Според него, полицијата реагираше веднаш по активирањето на алармот, меѓутоа крадците сепак успеале да избегаат. Се претпоставува дека украдениот накит вреди милиони евра.