Abdullah Aşıran
31 Јули 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
ГИТХОРН (AA) - АБДУЛА АШИРАН -
Селото Гитхорн многумина го нарекуваат холандска Венеција, бидејќи е пристапно само со чамец, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова село е идеално за оние што сонуваат за помирен живот. Настанало уште во средниот век, а наместо патишта, има канали. Го направиле бегалците од подрачјето на Медитеранот, кои во овој регион се доселиле околу 1230 година.

Се наоѓа на подрачјето на Оверајсел, а туристите за време на возењето со чамци, можат да уживаат во куќите стари и стотици години.
Ова холандско село е како од бајка, со 176 дрвени мостови, тесни канали, историски куќи, зеленило и разновидно цвеќе, а годишно го посетуваат стотици илјади туристи од целиот свет.

Во селото живеат околу 2.600 лица, кои се таму да ги покажат сите убавини на ова село. За време на летото селото Гитхорн најмногу го посетуваат Кинезите.
Во селото нема автомобили, а покрај чамците можат да се видат само пешаци и некои велосипедисти. На голем број куќи во ова холандско село има две врати. Едната се користи постојано, а другата само во случај на женидба, младите да влезат во куќата, или кога починатото лице се изнесува од домот.