свет

Гитхорн, холандско селце како од бајките пристапно само со чамци

Селцето настанало уште во средниот век, а наместо патишта, има канали. Селцето го создале бегалци од регионите на Средоземјето, кои се доселиле во ова подрачје околу 1230 година

Abdullah Aşıran  | 21.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
Гитхорн, холандско селце како од бајките пристапно само со чамци Abdullah Aşıran

Giethoorn

ГИТХОРН (АА) - АБДУЛА АШИРАН -

Селцето Гитхорн во Холандија многумина го нарекуваат и „холандска Венеција“, бидејќи до него може да се дојде само со помош на чамци, пишува Anadolu Agency (AA).

Ова село е идеално за оние кои сакаат помирен живот. Настанало уште во средниот век, а наместо патишта, има канали. Селцето го создале бегалци од регионите на Средоземјето, кои се доселиле во ова подрачје околу 1230 година.

Се наоѓа во холандската покраина Оверејсел, а туристите во текот на возењето со чамци можат да уживаат во куќите стари стотици години.

Ова холандско селце како од приказните, со 176 дрвени мостови, тесни канали, историски куќи, зеленило и разновидни цвеќиња, годишно го посетуваат стотици илјади туристи од целиот свет. Во него живеат околу 2.620 жители кои се расположени да ги покажат сите убавини на своето село. Во текот на летото најмногу го посетуваат Кинези.

Во селцето нема автомобили, а покрај чамци може да се видат само пешаци и малкумина велосипедисти. На голем број од куќите во ова селце има по две врати. Едната се користи константно, а другата само во случај на женидба, за младенците да влезат во куќата, или при смртни случаи, кога починатото лице се изнесува од куќата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.