Mahmoud Barakat
21 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
ИДЛИБ (АА) - Првиот евакуациски конвој од сириската југозападна покраина Кунејтра пристигна денес во Идлиб, кој е под контрола на опозицијата, во рамките на Договорот меѓу режимот на Башар ал Асад и вооружените опозициски групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на АА од регионот, конвојот од 40 автобуси пренесувал околу 500 евакуирани лица.
Во рамките на Договорот се очекуваат повеќе конвои да пристигнат од југозападната сириска покраина, која се наоѓа во непосредна близина на окупираното подрачје од страна на Израел на Голанската Висорамнина.
Договорот, на борците на опозицијата им овозможува безбеден излез кон Идлиб, во замена за предавање на тешкото на кое го поседуваат.
Сличен договор беше спроведен неодамна во југозападната сириска покраина Дера, според кој, на силите на режимот, заедно со руската воена полиција, им беше дозволено да се распоредат долж границата со Јордан.