свет

Израелската армија гранатираше позиција на Хамас во Газа по примирјето

Локалните жители истакнаа дека гранатирањето било насочено кон кула за набљудување во источниот дел на Појасот Газа

Mahmoud Barakat  | 21.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
Израелската армија гранатираше позиција на Хамас во Газа по примирјето

Gaza

ГАЗА (АА) - Израелските тенкови денес гранатираа позиција на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, соопшти Израелската армија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Армијата се вели дека огнот се случил откако осомничените ја преминале безбедносната ограда меѓу Газа и Израел.

Локалните жители рекоа дека гранатирањето било насочено кон кула за набљудување во источниот дел на Појасот Газа.

Досега не се пријавени жртви.

Денешното гранатирање се случи набргу откако Хамас го објави Договорот за прекин на огнот меѓу палестинските фракции на отпорот и Израел, со цел, намалување на тензиите на палестинската територија.

Договорот за прекин на огнот се случи откако четворица Палестинци и еден израелски војник загинаа во нападите вчера.

Потсетуваме, најмалку 142 палестински демонстранти се убиени, а 16.496 се ранети во интервенции на израелските безбедносни сили од почетокот на масовните палестински протести кои на границата на Газа започнаа на 30 март.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın