свет

САД со помош од 200 милиони долари за Украина

САД од 2014 година понудила поддршка од една милијарда долари за Украина, а оваа помош од 200 милиони долари се користи за потребите во програмите за воена обука кои се во тек во оваа земја, за безбедносните комуникациски средства и за воена медицина

Muhammed Bilal Kenasari  | 21.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
САД со помош од 200 милиони долари за Украина

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), соопшти дека ќе понуди помош од 200 милиони долари за Украина, со цел поддршка на одбранбените капацитети на оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение на американското Министерство за одбрана се наведува дека помошта за Украина ќе се овозможи преку Фондот за безбедносна соработка за консултантски услуги, опрема, како и преку програмите за дополнителна обука.

Според соопштение, САД од 2014 година понудила поддршка од една милијарда долари за Украина, а оваа помош од 200 милиони долари се користи за потребите во програмите за воена обука кои се во тек во оваа земја, за безбедносните комуникациски средства и за воена медицина.

Се наведува дека датумот за доделување на помошта ќе се соопшти подоцна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın