Ekipa
21 Јули 2018•Ажурирај: 22 Јули 2018
ИДЛИБ (АА) - Завршена е реципрочната евакуација на цивилите од Кефреја и Фуа, во сириски Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори наведуваат дека евакуацијата е завршена синоќа, со најголема размена на 900 режимски поддржувачи и 250 заробеници, кои ги држеа силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад.
За време на евакуацијата, која започна на 19 јули, од овие две места, на подрачјето под контрола на режимските сили, преминаа 6.900 лица. Исто така, силите на Асад ослободија 1.505 лица кои се пратени во Идлиб.
Кеферија и Фуа се подолго од три години под опсада на опозицијата и антирежимските групи. И претходно доаѓаше до евакуции од споменатите подрачја. За возврат се ослободени многу затвореници во режимските затвори во Мадаја, Забадани и Јермук.
Кеферија и Фуа, во која живее поголемиот дел шиитско население, се контролирани од Хезболах и милитантите при иранската Револуционерна гарда. Иако споменатите подрачје се под опсада подолго од три години, режимските сили од воздух доставуваат хуманитарна и воена помош.
Опозицијата овие подрачја ги стави под опсада за да го спречи масакрот во голем број подрачја кои се под опсада на режимот.