свет

Судири во Иран, 11 загинати

Сè уште не е познат идентитетот на терористичката група. Ниту една група или организација не ја презеде одговорноста за нападот

Ahmet Dursun  | 21.07.2018 - Обновена : 21.07.2018
Судири во Иран, 11 загинати

Ankara

АНКАРА (АА) - Во судирот кој се случи меѓу Иранската револуционерна гарда и непознати вооружени групи во западниот дел на Иран, својот живот го загубија 11 војници, пренесува Anadolu Agency (AA).

Полицискиот началник во иранската покраина Курдистан, Риза Мирзаи, во изјава за иранската државна Новинска агенција ИРНА, истакна дека во градот Мериван настанал судир меѓу безбедносните сили и вооружените групи.

Мирзаи информираше дека судирот започнал во околу 02:00 часот по локално време, а траеше околу два часа. Тој рече дека како резултат на нападот, загинале 11 војници на Револуционерната гарда, додека осум војници се повредени.

„Сè уште не е познат идентитетот на терористичката група. Ниту една група или организација не ја презеде одговорноста за нападот“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın