Rajeh Bady,Ensar Fırat
11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
САНА (АА) - Во судирите помеѓу силите лојални на претседателот на Националниот Отпор (ХДГ) Абдураби Мансур Хади и членовите на движењето на Хусите во последните два дена загинаа 24 лица, вклучувајќи и 20 членови на Хусите, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу загинатите има 20 членови на движењето Хуси. Од Канцеларијата за односи со јавноста потврдија дека загинале четворица членови на Националниот отпор (ХДГ).
Нивниот портпарол Мубарак ал Абади рече дека ХДГ постигнал напредок и дека Хусите биле принудени да се повлечат од оваа област.
Од движењето на Хусите уште нема никаква изјава за овие конфликти и за нивниот исход.
Од крајот на март минатата година, во Јемен се водат судири помеѓу шиитските бунтовници и силите лојални на претседателот Aбдураби Мансур Хади.