Rajeh Bady,Meryem Kasım
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
САНА (АА) - Најмалку 16 припадници на бунтовничкото шиитско движење Хуси и силите лојални на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салих, беа убиени на границата помеѓу Јемен и Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (АА).
Саудиската телевизија "Ел-Ahbariyye" пренесува дека саудиските сили убиле "16 непријатели", кои се обиделе да извршат напад врз саудискиот пограничен град Jазан.
Јемен сè уште е место на длабока криза, а во два одделни атентати загинаа двајца високи полициски службеници во градовите Ал-Бајда и Сана.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која пред девет месеци ескалираше во граѓанска војна од револуцијата во 2011 година.
Кризата ескалираше во септември 2014 година, кога бунтовниците го зазедоа главниот град Сана. Во март минатата година, коалицијата предводена од Саудиска Арабија почна да изведува воздушни напади врз бунтовничките позиции.
Судирите помеѓу силите лојални на претседателот Хади и бунтовничките групи на Хусите траат во најголем дел од регионите во оваа земја.