Durmuş Genç
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
МУГЛА (АА) - Синоќа се уапсени единаесет војници, членови на терористичката организација ФЕТО, кои се обидоа да изведат атентат на претседателот на Турција, Ердоган и на неговото семејство во еден хотел во Мармарис, 15 минути по неговото напуштање на локацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера, во околината на градот Ула, по известување од страна на граѓаните започната е акција во која се фатени 9-мина војници, по што безбедносните сили продолжија со истражување на околината.
Во рамките на истажувањето на теренот, подоцна во истата област се фатени и останатите двајца војници-пучисти.
По притворањето, тие се донесени во полициска станица во Мармарис.
Осомничените, откако се регистрирани во станицата, под силно обезбедување биле префрлени во полициската станица во Мугла, во одделот за криумчарење и борба против организиран криминал.
- Еден од војниците бил фатен како се крие качен на дрво -
Еден од двајцата војници, кои се подоцна фатени во рамките на спроведеното истражување на теренот, бил пронајден качен на дрво и долго време одбивал да слезе.
Беше соопштено дека во обидот за атентат на претседателот на Турција, Ердоган и на неговото семејство учествувале 37 војници-пучисти.
По нападот на хотелот, војниците избегале во шумата која се наоѓала во близина на хотелот и во првите денови од акцијата биле фатени 25-мина војници. Од притворените 25-мина, судот даде наредба за апсење на 23 војници. Сѐ уште продолжува испитувањето на останатите двајца.
- Капетанот Каратепе во цивилна гардероба се издвоил од групата -
Меѓу војниците-пучисти се наоѓал и Капетанот Буркај Каратепе, кој ден по обидот за државен удар, облекувајќи цивилна гардероба се издвоил од групата и го напуштил пределот на шумата.