Durmuş Genç
23 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
МУГЛА (АА) – Големиот бројот на локални и странски туристи кои доаѓаат да го видат 1.900 години старото, огромно дрво во градчето Мармарис, во областа Мугла во Турција, допридонесува за пораст на локалната економија, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјада и 880 години старото дрво (платан/чинар), кое во 1995 год. беше регистрирано како споменик на природата од страна на Канцеларијата за трговија на Мармарис е со висина од 8,7 метри и зафаќа околна површина од 706 метри квадратни.
Од 2008 година па наваму, неколку пати биле извршени мерки за нега и сочувување на стариот платан, како поткрепа на неговите потскршени гранки со жици од хром и никел, и пестицидна изолација на дрвото и околината од габи и штеточинки.
Мухтарот на Бајир месноста, Арслан Ераслан, во разговорот за АА, изјави дека ова дрво претставува историски симбол на местото. Додаде дека благодарение на големиот број на туристи кои доаѓаат секојдневно во местото токму за да го видат чудото од дрво, во селото се развило земјоделие и сточарство.
“Илјадници туристи годишно доаѓаат на дневни посети, особено во летните месеци се создава река од туристи , кои чекаат да се доближат до дрвото”, рече Ераслан.
Мухтарот раскажа дека туристите обожуваат да седнат под сенката од гранките на дрвото, и да уживаат во некои од локалните напитоци и храна, што ги нудат локалните произведители. “Како спомен од посетата некои од нив купуваат рачно изработени сувенири од локалните жители”, рече тој.
Она што го фасцинирало него и локалните мештани се обредите кои ги изведуваат странските туристи при посетата, како на пример вртење на три круга околу чинарот, при тоа замислувајќи си желба која сметаат дека ќе им се оствари во иднина.
“Некои пак си земаат камења од под гранките на дрвото пред да заминат. Сетто тоа нас ни е интересно, тоа се нивни верувања, и ние нив ги почитуваме”.