Mohamad Misto,Mahmut Geldi
17 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
ДАМАСК (АА) - Хуманитарната криза во Мадаја, во Сирија, продолжува и по пристигањето на првите конвои со хуманитарна помош, кои судејќи по сè се, не се доволни, јавува Anadolu Agency (AA).
Докторот од болницата на периферијата на Мадаја, Халид Мухамед, кажа дека и откако пристигнал и новиот конвој со хуманитарна помош, седум лица починале од глад.
Мухамед истакна дека здравствените центри не можат да одговорат на потребите на луѓето и дека над 300 луѓе се наоѓаат во животна опасност.
Тој додаде дека во регионот постои сериозен проблем од недостаток на храна, како и тоа дека на болниците им е потребна целосна опрема за да можат да ги пружаат своите услуги на пациентите, на кои им се повеќе од потребни.
Во Мадаја, која инаку се наоѓа под опсада, во понеделникот, после неколку месеци, влезе првиот конвој со хуманитарна помош.
Организацијата "Лекари без граници" (MSF) претходно соопшти дека од декември 2015 година 23 лица умреле од глад во тој град.