Fatih Erel
01 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
ЖЕНЕВА (AA) - Натрупувањето на бегалците кои се блокирани на гчрката граница со Македонија и заострување на граничните контроли води кон хуманитарна криза, предупреди денес Високиот комесаријат на Обединетите нации (UNHCR), пренесува Anadolu Agency (AA).
"Европа е на работ на голема хуманирарна криза којашто сама ја предизвика", рече портпаролот на УНХЦР Адријан Едвардс во Женева.
Тој додаде дека забрзаното натрупување на бегалците во Грција, лошата соработка на земјите и покрај постигнатите договори во многу подрачја и нивното заострување на граничните контроли води кон хуманитарна криза.
Како што рече, неконзистентноста во работењето "предизвикува непотребни страдања" и го ризикува кршењето на европските и меѓународните закони.
УНХЦР изнесе проценка дека синоќа во Грција имаше околу 22. 000 луѓе на кои им е потребно сместување.
Регионалниот координатор на УНХЦР Винсент Кокетел рече дека повеќе од 122. 000 луѓе дошле во Грција во измнинатите два месеци, потсетувајќи дека во првата половина на 2015 година таа бројка изнесуваше 120.000.
"Тоа Ви покажува на обемот на движење кон Грција во оваа фаза. На Грција и е потребен безбедоносен вентил ... време е Европа да се разбуди. Ќе имаме масовно преселување од Грција или реприза на она што го видовме минатата година, повеќе хаос и конфузија", изјави Кокетел.
УНХЦР побара од сите држави членки да ги зајакнат капацитетите на регистрација и процесуирање на барателите на азил преку националните процедури, како и преку европската шема за нивна релокација.
Бројот на бегалците кои се "заробени" на грчко-македонската граница во Идомени е се поголем, откако некои земји на балканската рута најавија ограничување на влезот, реагирајќи на претходните мерки на Австрија.
Европа се соочува со најголемата бегалска криза од Втората светска војна. Во бегство од војна и сиромаштија на погодените Сирија, Авганистан, Ирак и други земји од тој регион, бегалците и мигрантите одат кон Европа по пат кој го нарекуваат "пат на надежта" .
Меѓународната оргазација за миграции (IOM) соопшти дека во Европа во текот на 2015 година преку копно и море дошле 1.005.504 бегалци, додека од почетокот на 2016 досега на европско тло дошле повеќе од 120.000 бегалци