Ömer Çakıcı
01 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
ЕДРЕНЕ (АА) - Турската крајбрежна стража уапси 68 илегални бегалци, во обид од Турција преку Егејското Море да прејдат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за лица коишто доаѓаат од Сирија, Авганистан, Иран и Пакистан, кои со чамци се обиделе да стигнат до Грција. Меѓу 68-те приведени лица има голем број на жени и деца. Илегалните бегалци потоа се предадени во Центарот за депортацијата на странци во Едрене.
Стотици бегалци од Блискиот Исток преку шверцери, со чамци секојдневно се обидуваат преку Егејското Море да стигнат до некој од грчките острови.