Ekip
02 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
БАГДАД (АА) - Од Обединетите нации (ОН) известија дека континуираното насилство во февруари, зад себе остави најмалку 670 загинати Ирачани, јавува Anadolu Agency (AA)
Во соопштението кое во вторникот го објави мисијата на ОН за помош во Ирак, позната како UNAMI, убиени се 410 цивили се убиени, членови на федералната полиција, цивилна заштита и услуги за лична безбедност. Другите загинати се од безбедносните сили на курдската Пешмерга и паравоените групи.
Во извештајот се вели дека 1.290 лица се повредени, вклучувајќи и околу 1.050 цивили. Во претходниот месец во Ирак загинаа 849 луѓе, а повредени се 1.450.
Во текот на јануари се гледа влошување на безбедноста во Ирак поради два бомбашки напади од страна на ДАЕШ, во кои загинаа најмалку 110 луѓе.