Adam Moro
02 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
АНКАРА (AA) - Советот за соработка на земјите од Заливот (GCC) го прогласи Хезболах за терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на GCC Абдул-Латиф бин Рашид ал-Зајани соопшти дека милитантната група Хезболах и сите групи поврзани со неа ставени се на листата на терористички организации на шесточлениот Совет.
Во соопштението се наведува дека тој потег следуваше како одговор на континуираното насилство на Хезболах, чии припадници изведуваат терористички напади, криумчари на оружје и експлозив, сеат бунтови и хаос и го загрозуваат суверенитетот, сигурноста и стабилноста на земјите во регионот, вклучувајќи ги шесте членки на GCC-a.
Хезболах е либанска милитантна група и близок сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Неговите милитанти од 2012 година се активни учесници во војната во Сирија.
Членки на GCC се Саудиска Арабија, Кувајт, Обединети Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Оман, а сите тие земји се противници и ја поддржуваат сириската опозиција.