Halit Süleyman,Selen Temizer
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
ДАМАСК (АА) - Според пишувањето на медиумите на режимот на Асад, израелските авиони го бомбардираа складиштето за муниција на Хезболах, на воениот аеродром „Мезе“ во Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува агенцијата на Асадовиот режим, САНА, од Тиберијското Езеро (Галилејско Море), на израелско-сириската граница се испукани повеќе ракети на аеродромот во Дамаск, каде што настана пожар.
Воениот аеродром „Meзе“ беше место на жестоки борби меѓу силите на Асад и Армијата на Сирија, но аеродромот остана под контрола на режимот.
На аеродромот се присутни милитантите на Хезболах.