Murat Karadağ
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
САН САЛВАДОР (АА) - Ел Салвадор, земја којашто поради судирите на бандите се вбројува меѓу најопасните места на светот, вчера за првпат во последните две години забележа ден без ниедно убиство, јавува Anadolu Agency (АА).
Шефот на полицијата на Ел Салвадор, Хауард Кото, во изјава за медиумите истакна дека по подолго време, заа првпат поминал ден без ниту едно пријавено убиство.
Според статистичките податоци, ден без убиства во оваа средноамериканска земја претходно беше забележан на 22 јануари 2015 година.
Во текот на 2016 година, во Ел Салвадор се случуваа просечно 14,4 убиства дневно.
Ел Салвадор е една од земјите што не поминале низ војна, а и покрај тоа се вбројува во многу опасни земји. Во 2015 година, на секои 100.000 жители се убиени 104 лица. Податоците велат дека во 2016 година, процентот на убиства во оваа земја е намален за 20 отсто.