Admir Fazlagic
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Од насилна смрт лани во Македонија умреле 497 лица, што претставува намалување за 3,1 отсто во однос на 2015 година, соопшти Државниот завод за статистика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,4%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2016 година, како и во претходните години, поголемо учество (76,1%) имаат машките лица.
Најголемо учество во во вкупниот број на случаи на насилна смрт, имаат „несреќните случаи“ со 71.2%, „самоубиствата“ со 25.2% , а „убиствата“ со 3.6%.
Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество (26.0%) имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“.
Во категоријата „самоубиства“, случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 13.5%.
Во категоријата „убиства“, доминантна причина за смрт е „обид за нанесување на телесна повреда со тап предмет“, со учество од 1% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт, соопшти Државниот завод за статистика на Република Македонија.