Aldıjana Hadzıc
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Потпретседателот на турскиот Парламент, Мехмет Акиф Хамзачеби на четвртата пленарна седница на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во југисточна Европа (ПСИЈЕ), одржана во Загреб, изјави дека заедничка обврска на сите е воспоставување на постојана сигурност, стабилност, мир и благосостојба на Балканот кој во секој сектор има многу потенцијал, јавува Anadolu Agency (AA).
„Верувам дека од судирите во минатото и разединувањето треба да извлечеме потребни поуки и да ја зголемиме меѓусебната соработка и солидарност”, изјави Хамзачеби, додавајќи дека верува оти моменталните проблеми можат да се надминат со воспоставување на поблизок дијалог на сите земји.
Тој истакна дека она што ги поврзува не е само заедничкото минато и вредностите туку заедничката визија за иднината.
Тој потсети дека Црна Гора минатата недела официјално станала членка на НАТО.
„Од друга страна, се надеваме дека проблемот со името со кој Македонија се соочува долги години ќе биде што побрзо решен и дека таа земја ќе биде обединета во ЕУ и НАТО”, изјави Хамзачеби.
Тој на новата влада на „пријателската и братска” Република Македонија и посака работа кон водење на државата кон подобро утре во мир и единство.
„Реализацијата на членството во ЕУ треба да биде основна цел на сите земји на Балканот, чиј дел е и Турција. Цел и на Турција е да стане полна членка на ЕУ ”, потсети тој и рече дека позитивните развои во последно време ги сметаат за важни фази од аспект на иднината на регионот и ЕУ.
Исто така, поединечно им честита на Црна Гора, Албанија, Србија и БиХ на патот кон членството во ЕУ, кои преминаа од последниот состанок на организацијата.
Тој изјави дека сака да зборува за позитивни случувања во регионот, но и потешкотиите со кои се соочиле.
Тој се осврна и на тероризмот, кој според неговите зборови, е најсериозна и најподмолна закана до сега и укажа дека е потребна меѓународна соработка на сите нивоа кога станува збор за борбата против тероризмот.
Тој изјави и како илегалните миграции влијаеле на сите земји, и дека директно го погодиле и Балканот.
Во склоп на едногодишното претседавање на Република Хрватска со Процесот за соработка во југоисточна Европа (ПСИЈЕ), Хрватскиот парламент од 1 јули 2016 до 1 јули 2017 година претседава со Парламентаното собрание на ПСИЈЕ. Во време на хрватското претседавање, претседателот на Парламентот ја извршува должноста на претседател на Парламентарното собрание на ПСИЈЕ.
Парламентарното собрание на ПСИЈЕ формално е основано на инаугурациската седница одржана во 2014 година во Романија, а се собираат претставници на 13 парламентарни земји учеснички на ПСИЈЕ односно Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија и Турција.
Примарна цел на Парламентарното собрание на ПСИЈЕ е јакнење на соработката и усогласување на напорите меѓу парламентите на сите земји учеснички поради за промовирање и понатамошно осигурување на мир, безбедност, стабилност и солидарност во југоисточна Европа.