Furkan Abdula,Besar Ademi
10 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Сојузот на студентите на Анадолија од Турција во соработка со хуманитарната организација Ијилик-Дер по повод „15 Рамазан – Светскиот ден на сираците“ организира ифтари во 15 различни земји во светот во рамките на кампањата „Братска Софра“, а вечер организираа ифтар во плоштадот Скендербег во старата скопска чаршија, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој ифтар учествуваа околу 500 лица, меѓу кои претставници на локални здруженија и институции, студенти, жителите на Скопје, како и многубројни госит.
Мухаммед Гечен, од Сојузот на Студентите на Анадолија, во изјава за АА истакна дека овој ифтар во Скопје се организира во соработка со локалното здружение Исламски Младински Форум, и информираше дека во рамките на оваа кампања која оваа година ја започнале, организираат ифтари во 15 различни земји во светот.
Гечен истакна дека оваа година за прв пат го организираат овој ифтар.
„Се надеваме дека и наредната година ќе го организираме овој ифтар. Би сакале ова да стане традиција“ нагласи Гечен.
Исто така, покрај овој ифтар организиран на плоштадот Скендербег, Гечен додаде и дека организирале уште еден ифтар во Скопје само за сираците и за нивните семејства.
По овој ифтар се читаа и делови од Куранот, светата книга за муслиманите.
Инаку, Сојузот на студентите на Анадолија од Турција ја реализираат кампањата „Братска софра“ со цел да организираат ифтари по повод „15. Рамазан – Светскиот ден на сираците“ во Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Халабџа, Идлиб, Сомалија, Киригистан, Буркина Фасо, Јемен, Бангладеш, Нигер, Ерусалим, Газа, Кипар и во Ербил.
- Турските здруженија во Скопје и Фондацијата на Турците од Румелија организираа ифтар
Турските културни и хуманитарни здруженија од Скопје „Ќопру“ и „Енсар“, со поддршка на Фондацијата на Турците на Румелија, во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија, организираа традиционален ифтар за муслиманските верници.
Организаторите честитајќи им го светиот месец Рамазан на учесниците, нагласија дека овие ифтарски софри се организираат со цел да се соединат сите муслимани во Македонија, со желба ваквите заеднички активности да влијаат позитивно во секодневниот живот на граѓаните во земјата и пошироко.

Кемал Балтепе претседател на Фондацијата на Турците на Румелија - Рутев, во својот говор на присутните им се заблагодари на присуството и го искажа своето задоволство што има можност да биде дел од заедничкиот ифтар.
„Ви посакувам од Бога да бидат прифатени нашите молитви во овој свет месец Рамазан. Ние како организација ги поддржуаме здруженијата на Балканот со различни активности", рече Балтепе.
Ифтарската програма заврши со читање на Куран.
На ифтарот организиран во Куршумли Ан учествуваа координаторот на Турската агенција за соработка и коордонација (ТИКА) во Скопје, Ајтекин Ајден, заменик дитекорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје Фуат Коркмаз, рекоторот на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје Исмаил Коџајусуфолгу, претседателот на партијата Национално движење на Турците во Македонија Ердоган Сарач, членот на Македонската академија на науките и уметностите Луан Старова, како и многубројни гости и претставници на турските здруженија во Македонија.