свет

Зоната „Стар град“ во Кудс украсена по повод Рамазан

Тесните улици како и чаршиите во зоната „Стар град“, во чии граници се наоѓа и првата кибла на муслиманите, Месџид-и Акса, се украсени со шарени светла и ламби.

Esat Fırat  | 13.04.2021 - Обновена : 14.04.2021
Зоната „Стар град“ во Кудс украсена по повод Рамазан ( Foto Mostafa Alkharouf / Anadolu Agency )

КУДС (АА) - ЕСАТ ФИРАТ -

Чаршијата и улиците во зоната „Стар град“ во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) се украсени по повод месецот на постот Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тесните улици како и чаршиите во зоната „Стар град“, во чии граници се наоѓа и првата кибла на муслиманите, Месџид-и Акса, се украсени со шарени светла и ламби.

Стариот град минатата година не беше украсен поради тоа што Месџид-и Акса минатата година беше затворена за богослужба од страна на Управата на исламски вакуфи на Кудс поради пандемијата на Ковид-19.

Оваа зона во Кудс се соочи со проблематични денови поради израелската окупација, а со доаѓањето на месецот Рамазан делумно доживува повозбудливи и подинамични денови.

Инаку, Рамазан на жителите на Кудс им овозможува барем малку да се оддалечат притисоците со кои се соочуваат во текот на останатите 11 месеци во годината, додека на улиците на Стариот град се чувствува и духовната атмосфера на овој свет месец.

Палестинците што живеат во зоната „Стар град“, ги украсуваат со разни ламби и светла улиците, како и надворешните делови на своите куќи, а на вратите и прозорците на куќите поставуваат осветлени симболи на месечина и ѕвезди кои се еден од симболите на месецот Рамазан.

Во Харем-и Шериф, секоја година во текот на Рамазан, молитви вршат дневно во просек 10.000 муслимани, додека оваа бројка во петоците кога се врши петочната молитва се зголемува и до 150.000.

Управата на исламски вакуфи на Кудс на 23 февруари писмено соопшти дека Месџид-и Акса во текот на месецот Рамазан ќе биде отворена за богослужба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın