Talha Yavuz
13 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
КИЕВ
Еден украински војник загина, а двајца се повредени во регионот Донбас, во источна Украина, како резултат на огнот отворен од страна на проруските сепаратисти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Украинските вооружени сили се наведува дека проруските сепаратисти три пати го прекршиле прекинот на огнот помеѓу полноќ и 7:00 часот.
Исто така, се наведува дека војник од украинската Армија го загубил животот, а дека двајца војници се повредени како резултат на огнот отворен од сепаратистите во областа Мајорскоје во Донбас.
- Напнатост на украинско-руската граница
Во својот говор пред Парламентот на 30 март, украинскиот началник на Генералштабот, Руслан Хомчак, соопшти дека Руските вооружени сили испратиле трупи на границите на Украина под изговор дека ќе бидат реализирани воени вежби.
Во врска со решавањето на кризата во регионот Донбас, Трилатералната контакт-група, составена од Русија, Украина и ОБСЕ, донесе сеопфатна одлука за прекин на огнот заклучно со 27 јули 2020 година.
Од 2014 година досега, над 13.000 луѓе ги загубија животите во судирите меѓу администрацијата на Киев и проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во регионот.