Adam Abu-bashal
13 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
АБУЏА
Катар, кој е богат со нафта, ќе инвестира 5 милијарди долари за развивање на економијата на африканската земја Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи на Нигерија, Џефри Онјеама, соопшти дека со Катар оствариле средби во врска со партнерството околу суверениот фонд за богатство на Нигерија.
Онјеама нагласи дека Катар ќе инвестира 5 милијарди долари за развивањето на економијата на Нигерија.
„Катар е стратешка и престижна земја. Се врши соработка со Катар со цел развивање на Нигерија од економски аспект и од други аспекти“, рече Онјеама.
Тој нагласи дека инвестицијата што ќе ја изврши Катар во Нигерија ќе има позитивен ефект врз развојот на економијата на оваа земја.