спорт

НАТО ќе обезбеди безбедносна поддршка за време на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар

- Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ќе обезбеди безбедносна поддршка за Катар за време на организирањето на Светското фудбалско првенство 2022 кое ќе се одржи кон крајот на годината во Катар како земја домаќин

Ömer Tuğrul Çam  | 23.06.2022 - Обновена : 25.06.2022
НАТО ќе обезбеди безбедносна поддршка за време на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар

БРИСЕЛ (АА) - Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ќе обезбеди безбедносна поддршка за Катар за време на организирањето на Светското фудбалско првенство 2022 кое ќе се одржи кон крајот на годината во Катар како земја домаќин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на НАТО, оваа поддршка ќе се осигура во рамки на блиската соработка меѓу Катар и НАТО.

Во рамки на оваа поддршка ќе се обезбеди обука против заканите предизвикани од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни средства.

Исто така, ќе се обезбеди обука и за ВИП-заштита и против закани од рачни бомби.

Инаку, Светското фудбалско првенство на ФИФА ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во катарскиот главен град Доха.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın