Tayfun Salcı
30 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) – Членките на НАТО се согласни во поддршката на правото на Турција да го штити својот воздушен простор и граници, а Русија ја повикувам да преземе поконстриктивна улога во борбата со заедничкиот непријател ДАЕШ во Сирија, порача денес во Брисел, генералниот секретар на Североатланскиот сојуз, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е врзана за НАТО, а НАТО е во цврста врска со Турција и нејзината безбедност“, рече Столтенберг по денешниот состанок со премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
Тој додаде дека со турскиот премиер разговарале за минатонеделното соборување на рускиот авион кој го повреди турскиот воздушен простор во близина на границата со Сирија.
„Состојбата на југоисточната граница на НАТО брзо се менува. Денес разговаравме за случувањата кои му претходеа на рушењето на рускиот авион. Членките на НАТО се согласни во поддршката на правото на Турција да го штити својот воздушен простор и граници. Задоволен сум со настојувањата на Турција да ја ублажи напнатоста и ги поздравувам настојувањата да се стапи во контакт со Москва. Многу е важно да се остане мирен и да се намали напнатоста. Русија ја повикуваме да преземе поконструктивна улога во борбата со заедничкиот непријател ДАЕШ во Сирија“, рече Столтенберг.
Минатонеделната случка, како што рече, е своевиден сигнал за важноста на јакнењето на меѓународниот механизам за одржување на стабилноста во односите со Русија.
Столтенберг додаде и дека податоците за соборувањето на авионот кои ги добиле од Турција, се совпаѓаат со податоците од другите извори.
„Она на што бевме сведоци минатата недела не беше првата руска повреда на воздушниот простор на Турција“, заклучи тој.