Fatjon Cuka
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
ТИРАНА (АА) - Ниту една земја не е повеќе загрозена кога станува збор за терористичка закана и затоа е потребна претпазливост, се согласија денеска во Тирана, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Anadolu Agency (АА).
Шефот на Северноатлантскиот сојуз пристигна утринава во еднодневна посета на Албанија, прва по преземањето на функцијата, а пред зградата на Владата беше пречекан од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама.
По едночасовна средба меѓу двете делегации на која, како што беше речено, се разговарало за новиот бран на тероризмот на Блискиот Исток, Северна Африка, за прашањето на Украина, проширувањето на НАТО, како и за зголемување на финансирањето на одбраната, Столтенберг и Рама, одржаа заедничка прес-конференција.
"Мојата посета во Тирана, не е поради неодамнешните напади во Париз. Мислам дека е важно да ја посетам Тирана, затоа што ние ги цениме напорите на Албанија, но кога се во прашање терористичките закани ниту една земја не е недопирлив, па затоа треба да се биде внимателен", рече Столтенберг во говорот пред медиумите.
Тој истакна дека борбата против екстремизмот бара воени ресурси и го поздрави придонесот на НАТО сојузник по ова прашање.
"Ние мора да им помогнмее на земјите од регионот за да ги зголемат своите капацитети во борбата против екстремизмот", изјави Столтенберг, истакнувајќи дека "тоа не е судир меѓу исламот и Западот, туку конфликтот помеѓу екстремизмот и култура."
Зборувајќи за поканата за членството на Црна Гора во НАТО, Столтенберг изјави дека тоа е одлука што зборува за посветеноста на политиката на отворени врати на Алијансата.
"НАТО е многу фокусиран на зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан. Фокусирани сме тука долго време, треба да се запамети дека воени операции надвор од зоната на НАТО беа спроведени на Балканот, во Босна и Херцеговина, а подоцна и во Косово", изјави Столтенберг.
.Албанскиот премиер, Еди Рама, ја изрази својата благодарност кон НАТО и нејзините земји-членки за обезбедување на можности на неговата земја, не само за да се приклучи кон Алијансата, туку да биде дел од носењето одлуки.
"Проширувањето на Алијансата е проширување на слободата, мирот и демократијата. Ние го поддржуваме продолжетокот на процесот на членството на другите земји во регионот. Во овој контекст, Албанија очекува што побрза институционализација на односите меѓу НАТО и Косово. Колку повеќе се прошири Алијансата, толку сме побезбедни", рече албанскиот премиер Рама.