свет

Столтенберг: „Напорите на ЕУ не треба да се натпреваруваат со НАТО“

„Бев подеднакво јасен за фактот дека напорите на ЕУ не треба да се натпреваруваат со НАТО, не треба да го копираат НАТО, бидејќи НАТО останува темел на европската безбедност“

Jeyhun Aliyev  | 20.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
Столтенберг: „Напорите на ЕУ не треба да се натпреваруваат со НАТО“

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес порача дека напорите на Европската Унија (ЕУ) во областа на одбраната не треба да се натпреваруваат со НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„Бев подеднакво јасен за фактот дека напорите на ЕУ не треба да се натпреваруваат со НАТО, не треба да го копираат НАТО, бидејќи НАТО останува темел на европската безбедност“, рече генералниот секретар пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Тој истакна дека околу 80 отсто од трошоците на НАТО во одбраната, по Брегзит, ќе се обезбедуваат од сојузниците кои не се дел од ЕУ и НАТО.

Столтенберг го поздрави и досега највисокото ниво на соработка помеѓу ЕУ и НАТО.

„Посилната европска одбрана ќе придонесе за поправедно делење на товарот со НАТО“, рече тој.

Генералниот секретар нагласи дека НАТО и ЕУ соработуваат на многу полиња, меѓу кои и во изведувањето вежби рамо до рамо.

„Навистина го поздравувам тоа што НАТО и ЕУ можат повеќе да работат заедно од она што го имаме направено досега“, истакна тој.

Нагласи дека напорите на ЕУ на полето на одбраната можат да го надополнат НАТО, да дадат поддршка во развојот на нови капацитети на НАТО, како и во решавање на фрагментацијата на пазарот за одбрана во ЕУ.

Тој потенцираше дека географијата и парите се факти кои не можат да бидат игнорирани.

„Норвешка на север, Турција на југ и Канада, САД и Велика Британија на запад се битни за европската безбедност“, заклучи Столтенберг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.