Şerife Çetin
26 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, се состана во Брисел со својот новоименуван американски колега Марк Еспер, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар, со вршителот на должноста американски министер за одбрана, Еспер, се состана во рамките на дводневното Заседание на ресорните министри на членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО).
Тоа е прва средба на Акар со новоименуваниот американски колега што преставува добра можност за разговори во однос на голем број билатерални и регионални теми, со акцент на ситуацијата во Сирија.