свет

Во стомакот на мртов кит пронајдени 6 килограми отпад

- Во стомакот на мртов кит, пронајден на индонезискиот брег, откриени се вкупно 6 килограми отпад составен од 115 пластични чаши, 4 пластични шишиња, 25 најлонски кеси, 2 влечки и разни јажиња и вреќи

Mahmut Atanur  | 20.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
Во стомакот на мртов кит пронајдени 6 килограми отпад

Jakarta

ЏАКАРТА (АА) – Во индонезискиот регион Сулавеси во стомакот на мртов кит пронајдени се околу 6 килограми отпад, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Министерството за животна средина и шумарство на Индонезија се истакнува дека на островот Капоте во регионот Вакатоби, пронајден е починат кит од видот Кашалот, долг 9,5 метри, чие тело почнало да скапува.

Експертите, од стомакот на китот извадиле вкупно 6 килограми отпад составен од 115 пластични чаши, 4 пластични шишиња, 25 најлонски кеси, 2 влечки и разни јажиња и вреќи.

Одговорните лица од Светскиот фонд за заштита на природата (WWF), кои го испитуваа китот, изјавија дека поради скапувањето на китот не се во можност да утврдат дали отпадот бил причина за неговата смрт.

По спроведените испитувања, се очекува денеска китот да биде погребан на подрачјето на плажата „Коловава“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın