Hasan Esen
14 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
МАДРИД (АА) - Во Мадрид, главниот град на Шпанија, покрај брегот на реката што минува низ овој град, поставена е скулптура на кит, со цел да се сврти вниманието на загадувањето на океаните, јавува Anadolu Agency (AA).
Уметничкиот колектив „Капетан Бумер“ (Captain Boomer), со седиште во Белгија, изработи скулптура на кит со должина од 15 метри и тежина од 1 тон, и во утринските часови ја постави во реката Манзанарес во Мадрид. Покрај скулптурата која наликува на вистински кит, уметниците „го спасуваат“ китот, облечени во униформа на биолози, а жителите на Мадрид ги набљудуваат со голем интерес.

Во соопштението што го даде Општина Мадрид се истакнува дека со цел да се сврти вниманието врз загаденоста на океаните и негативното влијание на луѓето врз природата, скулптурата на кит поставена во реката, ќе може да се види до 18:00 часот во недела.
Истиот перформанс, претходно беше изведен во европските градови Париз и Лондон.