Şenhan Bolelli
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
МАДРИД (АА) - Двете најголеми фудбалски институции во Шпанија изјавија дека ги осудуваат терористичките напади во Истанбул и дека се солидаризираат со турскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Професионалната фудбалска лига (ЛПФ) каде се поврзани клубовите од 1 и 2 лига во својата изјава објави дека во натпреварите којшто ќе се одиграат во рамките на првата и втората лига денеска и утре, ќе се одржи едно минутно молчење во чест на загинатаите во терористичкиот напад во Истанбул.
ЛПФ која е позната како „Ла Лига“ истакна дека се против сите видови насилство и дека се солидаризираат со семејствата на загинатите во овој напад. „Во светот на спортот или било каде, нема место за овој тип насилство“, соопштија од ЛПФ.
Од друга стана, Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) во својата писмена изјава ја изразија својата голема загриженост поради терористичките напади во Истанбул, дека се покрај невините луѓе и дека се солидаризираат и ги поддржуваат семејствата на загинатите.
„Фудбалското семејство на Шпанија во овие тешки моменти е покрај целиот турски народ. Соопштуваме дека сме против сите видови насилство“, се вели во соопштението на федерацијата.