Ekipa
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
КАИРО (АА) - Во експлозијата што се случи во Коптската катедрала во главниот град на Египет, Каиро, загинаа 25 лица, додека 31 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетската државна телевизија објави дека во експлозијата што се случи во катедралата Свети Мaрко во источниот дел на градот, во населбата Абасије, животот го загубиле 25 лица меѓу кои жени и деца, додека 30 лица се повредени.
Коптите претставуват 10% од вкупно 90 милиони жители на Египет.