Ayşe Hümeyra Atılgan
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Најмалку 3.500 лица се евакуирани денес од зградите во центарот на рускиот главен град, поради бран повици за поставени бомби, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според руските новински агенции, кои цитираа полициски извори, илјадници луѓе беа принудени да се евакуираат од Бољшој театарот, хотелот Метропол Москва, стоковната куќа ГУМ во центарот на Москва, по добиените анонимни повици за поставени бомби.
Такви повици за поставена бомба добиле над 20 објекти, вклучувајќи универзитети, железнички станици, трговски центри, хотели и други објекти.
Речиси 1,4 милиони Руси се евакуирани ширум земјата од 11 септември, по слични повици за поставени бомби, кои досега се покажаа за лажни.