Ekipa
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
РИМ (АА) - Досегашниот министер за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, доби мандат за формирање на новата Влада која ќе ја води Италија до наредните избори 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џентилони во изјавата за медиумите откако го прими мандатот од претседателот на Италија, Серџо Матарела, изјави дека ќе се потуди да формира нова влада во која мнозинството ќе се состои коалицијата предводена од демократите.
Доколку успее да формира влада на која Парламентот ќе изгласа доверба, 62-годишниот Џентилони ќе го замени демократскиот колега, Матео Ренци, кој на 7 декември поднесе оставка поради поразот кој го претрпе на референдумот за уставните промени кои ги предложи.
Откако по три дена консултации со лидерите на политичките партии се покажа дека не постои консензус за понатаму, шефот на италијанската држава мораше да одлучи дали на некој ќе го даде мандатот за состав на новата влада или ќе се оди на предвремени избори.
Парламентарните избори во Италија се предвидени за февруари 2018 година, но многу политичари, особено оние од опозициското Движење со пет ѕвезди, се залагаат за нивно предвремено одржување.
За време на тригодишното извршување на функацијата министер за надворешни работи во централно-левичарската коалиција на Ренци, Џентилони се залагаше за меѓусебна поддршка и завршување на повеќегодишното насилство во Либија, поради сè поголемиот број на мигранти, кои по морски пат се движат кон брегот на Италија.