Emrah Güney
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговараше со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и му изрази сочуство поради синоќешниот терористички напад во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за односи со јавноста на Претседателството на Турција соопшти дека Меркел во разговор со Ердоган го осудила синоќешниот напад и порача дека Германија се солидализира со Турција.
Во терористичкиот напад кој синоќа се случи пред стадионот на Бешикташ во Истанбул, загинаа 38 а ранети се 155 лица. До сега се приведени најмалку 13 осомничени лица.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека истрагата е во тек, а дека прелиминарните резултати укажуваат дека нападот бил најверојатно дело на терористичката организација ПКК.