свет

Африканскиот парламент го повика Европскиот парламент да не интервенира во кризата меѓу Мароко и Шпанија

Африканскиот парламент го повика Европскиот парламент да не интервенира во кризата „поврзана со мигрантите“ меѓу Мароко и Шпанија

Khalid Mejdoup, Hacer Başer  | 11.06.2021 - Обновена : 12.06.2021
Африканскиот парламент го повика Европскиот парламент да не интервенира во кризата меѓу Мароко и Шпанија

РАБАТ (АА) - Африканскиот парламент го повика Европскиот парламент да не интервенира во кризата „поврзана со мигрантите“ меѓу Мароко и Шпанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмената изјава од Африканскиот парламент се истакнува дека треба да се почитуваат некои основни правила во врска со мароканско-шпанската криза.

„Проблемите меѓу двете земји се во рамките на билатералните односи меѓу Мароко и Шпанија. Кризата меѓу Мароко и Шпанија може да се реши на дипломатски начин или преку директни билатерални преговори“, се вели во соопштението.

Во изјавата исто така се додава дека не треба да се зазема каков било став што ќе ја зголеми напнатоста.

Вчера и Арапскиот парламент го повика Европскиот парламент да не интервенира во кризата меѓу двете земји.

На 1 јуни, мароканскиот крал Мохамед Шести ги назначи министерот за внатрешни работи, Абдулвафи Лефтит и мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита, за решавање на проблемот со малолетните марокански нерегуларни мигранти во европските држави.

Истиот ден во заедничката писмена изјава дадена од Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи на Мароко се истакна дека илјадници нерегуларни мигранти се вратени во земјата како резултат на заедничките механизми воспоставени со европските држави, пред сѐ со Шпанија и Франција.

Во нерегуларниот прилив на мигранти, што ја продлабочи дипломатската криза меѓу Шпанија и Мароко, повеќе од 8.000 мигранти преминаа во градот Сеута помеѓу 17 и 19 мај, откако мароканската администрација се откажа од контролата на границата.

Со обновување на граничната контрола од страна на Мароко, нерегуларниот прилив на мигранти беше запрен по 20 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.