Ekip
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Енрик Мило, највисок официјален претставник на шпанската централна влада во Каталонија, рече дека технолошката инфраструктура за гласање и пребројување на гласачките ливчиња за спорниот референдум е демонтирана, со што неговото одржување е „апсолутно оневозможeно", јавува Anadolu Agency (AA).
Мило рече дека агентите на цивилната гарда по судска наредба извршиле претрес во просториите на седиштето ЦТТИ, каталонскиот центар задолжен за технологија и комуникација.
Тој додаде дека агентите го оневозможиле софтверот дизајниран да внесува повеќе од 2.300 избирачки места и да ги подели резултатите, како и апликацијата наменета за онлајн гласање.
Тој ја отфрли секоја можност за одржување на ефикасен референдум, со засконски и обврзувачки гаранции како што вети каталонската регионална влада.
Каталонски власти велат дека ќе се одржи референдум, без оглед на тоа што Уставниот суд на Шпанија го забрани гласањето додека не се разгледа ова прашање.